економија

Турција: Индустриско производство забележа значителен раст

Економските експерти предвидуваат дека турското индустриско производство на годишно ниво ќе забележи раст од седум отсто според прилагодени индекси

Arife Yıldız Ünal  | 08.11.2017 - Обновена : 09.11.2017
Турција: Индустриско производство забележа значителен раст

Ankara

АНКАРА (AA) – Индустриското производство на Турција во септември забележа раст по сите параметри од извештајот кој го објави Заводот за статистика на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Според прилагоден календарски и сезонски индекс турското индустриско производство во септември е зголемено за 10,3 отсто во однос на истиот период минатата година.

Септемвриското индустриско производство по тој индекс за 0,6 отсто е поголемо и од производството остварено во август оваа година.

Паралелно со тоа, индустриското производство на Турција според непредвиден индекс во септември е зголемено за 13,4 отсто во однос на производство остварено во ист период минатата година.

Анкета на очекувањата во индустриското производство кое го спроведе „AA Finans" предвидуваше раст според неприлагоден индекс од 10,5 отсто.

Економските експерти предвидуваат дека турското индустриско производство на годишно ниво ќе забележи раст од седум отсто според прилагодени индекси.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın