свет, живот

Вековен брак во Тунис

Бракот што трае 70 години, меѓусебната љубов и наклонетост на Имара и Хазра во Тунис ги восхитува сите околу нив

Enes Canlı  | 14.02.2018 - Обновена : 15.02.2018
Вековен брак во Тунис ( Yassine Gaidi - AA )

Tunisia

ТУНИС (AA) - ЈАСИНЕ ГАИДИ - Имара Факири (95) и Хазра Бузази (86) од Тунис, се 70 години во брак, и ги инспирираат младите покажувајќи им како треба да изгледа среќен брак, јавува Anadolu Agency (AA).

Имара и Хазра живеат во село во областа Гар ед Дима во Тунис и имаат 13 деца и 67 внуци.

Стариот брачен пар вели дека секоја година сè повеќе ја зголемува нивната меѓусебна љубов и почит, и имаат едноставен, но среќен живот, во ова време, кога сè се троши толку брзо, па дури и љубовта.

- „Цел живот јадев само од лебот што го печеше жена ми“ -

Деведесет и петгодишниот Имама Факири, кој напомена дека неговото име значи ‘градител’, рече: „Моето семејство ми го даде ова име за да си ја изградам својата куќа, и мислам дека успеав да го направам тоа“.

„Од денот кога стапивме во брак, јадев само од лебот што го месеше мојата сопруга со свои раце", рече стариот човек, споделувајќи ја тајната за долготраен брак и вечна љубов.

Хазра Бузази, којашто има 86 години, вели дека Хазра значи ‘плодоносен, добро’ на тунискиот дијалект, а името секогаш ѝ носело среќа. „Ние никогаш не престанавме да зборуваме со сопругот. Секогаш наоѓаме тема за која треба да разговараме. Се слушаме меѓусебно и разговараме еден со друг“, рече таа.

„Според обичаите во Тунис, исклучително е важно чајот да се пие по јадењето“, рече старата жена, додавајќи: „Не му дозволувам никому да стави чај, освен на Имара, а ситуацијата не се менува и кога нашите деца се кај нас. И ним не им дозволувам да стават чај. Пијам чај само од Имара“.

- Седат рака под рака под дрвото што го засадиле кога се венчале -

Стариот брачен пар изјави дека ужива во летото и зимата седејќи заедно и дарувајќи си меѓусебно цвеќе под дрвото што го засадиле заедно.

Сè уште ја доживуваат љубовта како и првиот ден. Работите во полето, во градината и во домот ги извршуваат заеднички.

Наспроти брзината на ерата во која живееме, Имара Факири и Хазра Бузази претпочитаат бавен живот, истакнувајќи дека имаат едноставен, но среќен живот.







На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın