свет

Терористите на ПКК/ПЈД нападнаа позиции на турската војска во Идлиб

Како што јавува новинарот на АА во Идлиб, милитантите во Африн, кој припаѓа на Алепо, лансирале пет ракети во околината на набљудувачката точка на турската војска на релацијата Идлиб-Африн

Ekipa  | 20.11.2017 - Обновена : 20.11.2017
Терористите на ПКК/ПЈД нападнаа позиции на турската војска во Идлиб АА/Архива

İdlib

ИДЛИБ (АА) - Припадниците на терористичката организација ПКК/ПЈД во Африн, на сириско-турската граница, со минофрлачки проектили ги гаѓаа позициите на турската мисија во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што јавува новинарот на АА во Идлиб, милитантите во Африн, кој припаѓа на Алепо, лансирале пет ракети во околината на набљудувачката точка на турската војска на релацијата Идлиб-Африн.

Еден проектил паднал на стотина метри од позициите на турската војска, додека другите проектили паднале во населено подрачје.

Нема загинати ниту ранети, а турската војска возврати на нападот на терористичката организација.

Во рамките на договорот којшто го постигнаа Турција, Русија и Иран во Астана, Турските вооружени сили на 12 октомври започнаа со воениот транспорт.

Турција во Идлиб треба да формира 12 набљудувачки точки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.