свет

Египет го отвори граничниот премин „Рафа“ на четири дена

На граничниот премин се формирани долги редови, а десетици лица во првата етапа со автобуси ја преминаа границата

?kipa  | 21.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
Египет го отвори граничниот премин „Рафа“ на четири дена Ali Jadallah/AA

Gaza

ГАЗА (АА) - Египетските власти на четири дена во двата правци го отворија граничниот премин „Рафа“ на границата со Газа, јавува Anadolu Agency (AA).

На граничниот премин се формирани долги редови, а десетици лица во првата етапа со автобуси ја преминаа граница.

Амбасадата на Палестина во Каиро вчера соопшти дека египетските власти на четири дена ќе го отворат граничниот премин „Рафа“.

Од седум гранични премини на границите со Појасот Газа, шест се наоѓаат под контрола на Израел, а еден на Египет.

По воениот удар во 2013 година, Египет го чува граничниот премин „Рафа“ речиси потполно затворен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın