свет

Западен Брег: Израелските војнци приведоа 20 Палестинци

Според соопштението на израелската војска, во текот на ноќта, на неколку локации на Западниот Брег извршени се акции во кои се приведени 20 Палестинци под изговор дека учествувале во „терористички активности“

Abdel Ra'ouf Daoud Abdel Ra'uof Arnaout, Afra Aksoy  | 21.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
Западен Брег: Израелските војнци приведоа 20 Палестинци

Erusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници на окупираниот Западен Брег приведоа уште 20 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на израелската војска, во текот на ноќта, на неколку локации на Западниот Брег извршени се акции во кои се приведени 20 Палестинци под изговор дека учествувале во „терористички активности“.

Израелските сили често вршат рации на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс), и под разни обвиненија приведуваат Палестинци.

Според официјалните податоци, во израелските затвори се наоѓаат околу 7 000 Палестинци, од кои се 300 деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.