свет

ЗОИ 2018 Италијанката Гоџиа освои златен медал во спуст

Италијанската скијачка Софија Гоџиа го освои златниот медал во најбрзата алпска дисциплина спуст, на Зимските олимписки игри, во Пјонгчанг во Јужна Кореја

Serhat Bağbars  | 21.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
ЗОИ 2018 Италијанката Гоџиа освои златен медал во спуст

Istanbul

ПЈОНГЧАНГ (АА) - Италијанската скијачка Софија Гоџиа го освои златниот медал во најбрзата алпска дисциплина спуст, на Зимските олимписки игри, во Пјонгчанг во Јужна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).

Низ патеката на зимскиот центар Чонсон, Италијанката се спушти за 1.39,22 минути, што беше доволно за нејзиниот прв златен медал во кариерата.

Второто место и среброто го освои Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која беше побавна од Гоџиа само девет стотинки.

Американката Линдзи Вон го освои третото место и бронзениот медал.

Осум скијачи не успеаја да ја завршат трката и да остварат пласман.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın