свет

Нечирван Барзани ѝ се заблагодари на Турција за помошта по земјотресот

Премиерот на Регионалната курдска управа во северен Ирак, Нечирван Барзани, ѝ се заблагодари на Турција за помошта што ја достави по неодамнешниот земјотрес што го погоди пограничниот појас меѓу Ирак и Иран

Haydar Hadi  | 20.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
Нечирван Барзани ѝ се заблагодари на Турција за помошта по земјотресот

Baghdad

ЕРБИЛ (АА) - Премиерот на Регионалната курдска управа во северен Ирак, Нечирван Барзани, ѝ се заблагодари на Република Турција за помошта која ја достави по неодамнешниот земјотрес што го погоди пограничниот појас меѓу Ирак и Иран, јавува Anadolu Agency (AA).

„Турција во првите часови по земјотресот испрати помош, а ни се јавија и од Канцеларијата на претседателот на државата. Ние го цениме тоа и уште еднаш се заблагодаруваме“, изјави Барзани денес во Ербил.

На прашањето дали наскоро ќе ја посети Турција, Барзани кажа дека ќе му биде големо задоволство ако за тоа му се укаже можност.

Тој додаде дека би сакал и турските официјални лица да ги види во посета на Ербил.

Осврнувајќи се и на кризата во ирачкиот регион, Барзани истакна дека нема информации оти ирачката федерална влада од Багдад планира да извезува нафта од Киркук во Иран.

Регионалната курдска управа во северен Ирак, на чело со претседателот Месут Барзани, се оглуши на повиците и советите на Турција, Иран и на остатокот од меѓународната заедница и на крајот на септември спроведе нелегитимен референдум за независност на тој регион.

Ирачките власти референдумот го прогласија за неуставен и неважечки, а Турција и Иран сета билатерална соработка ја продолжија со официјален Багдад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın