спорт

Овој месец, Самит на ФИФА во Истанбул

На Самитот на ФИФА ќе се сретнат претседателите на фудбалските федерации и нивните високи функционери.

Mehmet Fatih Duman  | 17.11.2017 - Обновена : 18.11.2017
Овој месец, Самит на ФИФА во Истанбул

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Самитот на Меѓународната унија на фудбалски федерации (ФИФА) ќе се одржи во Истанбул на 23 ноември, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението што го објави Турската фудбалска федерација, се вели дека на Самитот ќе учествуваат претседателите на фудбалските федерации на членките на унијата, високи функционери и претседателот на ФИФА, Џиани Инфантино.

Самитот ќе се одржи во хотелот „Шангри ла Босфорус“, во Истанбулската населба Бешикташ. Теми на Самитот за коишто ќе дискутираат претставниците на земјите-членки на федерацијата се реформите во рамките на ФИФА, кои започнаа во 2016, статегиските прашања и создавањето на платформа за дискусии и размена на информации.

По Самитот, претседателот на ФИФА, Џиани Инфантино, и претседателот на Турската фудбалска федерација ќе одржат заедничка прес-конференција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.