спорт

Пјонгчанг 2018: Словенечкиот хокеар Јеглиќ падна на допинг тест

Арбитражниот суд за спорт денес соопшти дека Јеглиќ бил позитивен на фенотерол, и дека тестирањето е спроведено за време на натпреварот на ЗОИ

AP  | 20.02.2018 - Обновена : 21.02.2018
Пјонгчанг 2018: Словенечкиот хокеар Јеглиќ падна на допинг тест

Pjongcang

ПЈОНГЧАНГ (АА) - Словенечкиот хокеар Жига Јеглиќ е трет спортист што падна на допинг тестот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, пренесува Anadolu Agency (AA).

Арбитражниот суд за спорт денес соопшти дека Јеглиќ бил позитивен на фенотерол, и дека тестирањето е спроведено за време на натпреварот на ЗОИ. Фенотеролот е лек што се користи за проширување на дишните патишта.

Јеглиќ е суспендиран од натпреварите и му е наложено да го напушти Олимпиското село во рок од 24 часа. Словенија денес игра против Норвешка за пласман во четвртфиналето на олимпискиот турнир, а Јеглиќ е избришан од тимот.

Ова е втор по ред голем натпревар од кој Јеглиќ е суспендиран. Претходно, на Светското првенство доби суспезија од два натпревари поради неспортско однесување кон Швајцарецот Томас Руфенахт.

Јапонскиот брз лизгач на кратки патеки Кеи Саито беше позитивен на допинг тестот во Пјонгчанг пред почетокот на натпреварот, а рускиот репрезентативец во карлинг Александер Крушелницки кој освои бронзен медал во мешани парови, беше позитивен на допинг-тестот за време на натпреварот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.