Турција

Адвокатот на Ѓулен казнет со 12 години затвор

Судот во Измир во пресудата наведе дека обвинетиот Ун е осуден за членство во вооружена терористичка организација

Ömer Süt  | 20.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
Адвокатот на Ѓулен казнет со 12 години затвор

Izmir

ИЗМИР (АА) - Фети Ун, адвокатот на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, му е изречена казна затвор во траење од 12 години во рамките на истрагата против споменатата терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).

Судот во Измир во пресудата наведе дека обвинетиот Ун е осуден за членство во вооружена терористичка организација.

Обвинетиот, кој од 1990 до 1994 година бил адвокат на Фетула Ѓулен, ги отфрли обвиненијата за кои се товари.

Тој призна дека бил адвокат на водачот на ФЕТО, но ги отфрли обвиненијата дека е член на терористичката организација.

Да потсетиме, Фети Ун е уапсен на 11 ноември 2016 година во рамките на истрагата против ФЕТО, којашто ја води државното обвинителство во Измир.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın