Nuri Aydın
12 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
АНКАРА (АА) - Кина по вториот обид успешно ја лансираше во вселената ракетата од новата генерација „Лонг Марч 7А“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на кинеската новинска агенција „Синхуа“, ракетата која го носи сателитот „Шијан-9“ со цел тестирање на новите технологии за набљудување на вселенската средина, беше лансирана во вселената од Центарот за лансирање на островот Хајнан.
Се истакнува дека Кина до 2025 година планира секоја година да лансира по 3 до 5 ракети од типот „Лонг Марч 7А“.
Ракетите „Лонг Марч“ се дизајнирани за пренос на товар со тежина од 3 до 4,5 тони во хелиосинхроната орбита на височина од 700 километри.
Овие ракети се користат за транспорт на тешки и лесни елементи во вселената.
Ракетата „Лонг Марч 7а“ експлодира кратко време по лансирањето при првиот обид во март во 2020 година.