Балкан

Борисов: Турција е најголемиот сосед на Европа

„Во таа земја се наоѓаат околу три милиони бегалци. Додека дури ни во Германија не можат да се усогласат за прашањето околу илегалните миграции, што ќе се случи кога милиони бегалци коишто се наоѓаат во Турција ќе тргнат кон Европа", рече Борисов

İhvan Radoykov  | 21.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
Борисов: Турција е најголемиот сосед на Европа

Sofiya

СОФИЈА (AA) - Премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјави дека Турција е најголемиот сосед на Европа, тврдејќи дека договорот за мигрантите помеѓу ЕУ е Турција е многу корисен за Европа, јавува Anadolu Agency (AA).

„Турција е најголемиот сосед на Европа. Станува збор за огромна држава која ја има најголемата војска во Евеопа, добро вооружена и обучена војска која учествува во реални оружени акции", рече Борисов обраќајќи се на „The University of National and World Economy" (UNWE) во Софија каде говореше на темата за односите на Европска Унија и Турција.

Се осврна и на неодамнешниот скандал од НАТО вежбата во Норвешка кога претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, дознавајќи за целиот случај, порача дека неговата земја ги повлекува своите војници од НАТО вежбата.

„Пораката која Ердоган ја упати така што повлече 40 свои војници е порака која и јас на седниците на Советот на Европа ја нагласував и која би требало да се прифати. Тука е збор за различно толкување на настаните. Европските лидери, кога се работи за Турција и претседателот Ердоган, нив во потполност ги отфрлуваат. На тој начин меѓу страните не преостанува никаков пат за зближување", рече Борисов.

Нагласи дека на седниците на Советот на Европа често го изнесувал ова прашање.

„Но тие и на последната седница бараа да се прекинат сите преговори со Турција. Но, Турција ја има најсилната војска во Европа. Турција би морала да биде стратешки партнер за НАТО но и за самата Европа. Не се работи тука само за членство на земјата во ЕУ. Мораме да го сочуваме процесот на дијалог и преговорите со Турција", истакна Борисов и го пофали договорот за мигрантите помеѓу ЕУ и Турција.

„Во таа земја се наоѓаат околу три милиони бегалци. Додека дури ни во Германија не можат да се усогласат за прашањето околу илегалните миграции, што ќе се случи кога милиони бегалци коишто се наоѓаат во Турција ќе тргнат кон Европа", рече Борисов.

На крајот заклучи дека е најисправно миграцискиот притисок да се задржува надвор од границите на Европска унија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.