Турција, економија

Турција: Невработеноста во август падна на 10,6 отсто

Турскиот институт за статистика (ТуркСтат) денес објави дека невработеноста во Туција опаднала за 0,7 поени, односно на 10,6 отсто во август, во споредба со истиот месец минатата година

Tuba Şahin  | 15.11.2017 - Обновена : 15.11.2017
Турција: Невработеноста во август падна на 10,6 отсто

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот институт за статистика (ТуркСтат) денес објави дека невработеноста во Туција опаднала за 0,7 поени, односно на 10,6 отсто во август, во споредба со истиот месец минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).

„Бројот на невработените лица на возраст од 15 години и постари падна на 3,4 милиони, што претставува намалување од 89.000 во однос на истиот месец минатата година“, се вели во соопштението на ТуркСтат.

Бројката исто така покажа пад од 0,1 процентен поен од претходниот месец, кога невработеноста изнесуваше 10,7 отсто.

Стапката на вработеност во август се искачи за 1,3 отсто во однос на истиот период минатата година, односно на 48 отсто.

Економистот на „Ziraat Bank“ (Зираат банка), Бора Тамер Јилмаз, изјави дека Турција оваа година ги надминала очекувањата на светско ниво, со оглед на бројот на работните места што ги создаде.

„Бројот на вработените лица се зголеми за 1,36 милиони, на 28,82 милиони во периодот август 2017, во споредба со истиот период минатата година“, се вели од ТуркСтат.

Нагласувајќи ја поделбата на вработеноста по сектори, Јилмаз рече дека секторот услуги е предводник.

Според податоците на ТуркСтат, секторот за услуги придонел со 52,6 отсто за вработувањето.

„Вработеноста во август беше највисока во секторот производство, услуги и градежништво“, вели Јилмаз.

„Туризмот придонесе за економскиот раст оваа година преку создавање работни места. Околу една четвртина од сите создадени работни места отпаѓаат на туризмот“.

- Раст на женската работна сила -

Јилмаз рече дека оптимистичкиот обем на глобалната трговија и подобрите економски активности во Европа, заедно со домашните случувања ѝ помогнале на турската економија да создаде нови работни места и да ја задржи стабилна својата работна сила во производствениот сектор.

Стапката на учество на работната сила беше зголемена за 1,1 процентен поен на годишно ниво, на 53,7 отсто.

ТуркСтат исто така објави дека бројот на вработените жени се искачил на 1,2 процентни поени од претходната година, на 34,3 отсто.

„Европската перспектива се смета за добра во наредните месеци. Затоа, очекуваме дека силната надворешна побарувачка ќе продолжи да го придвижува домашното производство“, рече Јилмаз.

Ерол Ѓурџан, економист во „Gedik Investment“ (Гедик инвестмент), истакна дека стапката на невработеноста во август е подобра од пазарните очекувања.

Стапката на невработеноста покажа тренд на пораст по првата половина од годината, а на почетокот од 2017 година имаше тренд на намалување, рече Ѓурџан.

Тој рече дека најновата бројка покажува оти владината кампања за вработување и за заздравување на економијата имала позитивен ефект на вработувањето во земјата.

„Севкупно, стапката на невработеност во Турција потврдува силна економска активност во третиот квартал од 2017 година“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.