живот

Во текот на опсадата на Сараево највеќе страдаа цивили

Посебен дел на обвинението против Ратко Младиќ, се однесува на опсадата на Сараево, на гранатирање на градот и снајперскиот оган на цивилното население

Dejan Maksimoviç  | 18.11.2017 - Обновена : 19.11.2017
Во текот на опсадата на Сараево највеќе страдаа цивили

Sarajevo

САРАЕВО (AA) - Опсадата на Сараево од 1992 - 1996 година, којашто траеше 1.425 дена беше најкруто воено делување врз еден град во новата историја на човештвото. Во текот на опсадата, според официјалните податоци на Заводот за здравствена заштита на БиХ убиени се 11.541 граѓанин на Сараево, меѓу кои 1.601 дете. Ранети се преку 61.136 цивили, од кои дури 14. 947 деца.

Меѓу жртвите на стравичното гранатирање на Сараево беше и Сенида Каровиќ, денешна претседателка на Здружението на „Унијата на цивилните жртви на Кантон Сараево". Таа на 30 јануари 1993 година одела по вода е ранета во експлозија на граната кај мостот Дрвенија во центарот на градот.

„Остнав без нога, висока ампутација. Три месеци бев во болница, три пати крварев, животот ми беше ставен под знак прашалник. Потоа лекарите во болницата Кошево ми ја ампутираа ногата. Од тогаш до денеска се обидувам да живеам некаков нормален живот. Меѓутоа, не е тоа нормален живот. Тешко е секое утро да се стане без нога, тешко е да се живее без нога, тешко е да се извршуваат секојдневните активности, тешко е и кога другите те гледаат на улица како ти си различен од нив. И тешко е сето тоа психички да се поднесе, но се бориме. Тука во здружението сите сме цивилни жртви на војната, се дружиме, разменуваме искуства и тоа на секој поединец кој страдал му е голема морална поддршка, да се обидеме да се победиме самите себе си и својот хендикеп", истакнува Каровиќ.

- Сараево логор

Истакнува дека опсадата на Сараево воглавно беше насочена против цивили и дека податоците дека повеќе од 11.500 граѓани се убиени од кои 1.601 дете, доволно зборуваат сами по себе.

„Тоа се податоци коишто говорат дека Сараево беше најголемиот логор во поновата историја на војните. Цивилните жртви на војната денеска многу тешко живеат. Тие се на маргините на ова општество", раскажува Каровиќ за Anadolu Agency (AA) и додава:

„Зборуваме за луѓе кои преживеале неверојатен пекол, на кои никој и со ништо не може да им го надомести она што тие го загубиле. Никој не може да детето да ја врати мајката која ја загубило, или нога на луѓето кои останале тешки инвалиди ... Имаме една категорија, а тоа се млади луѓе, кои денеска полнат 30 до 40 години, кои се ранети како деца, кои останале без делови на тело, не завршиле образование, не успеале во повоениот период да се преквалификуваат и да дојдат до вработување. Мислам дека власта мора да води сметка за таа популација, тоа се луѓе полни со комплекси на пониска вредност, дури имавме суциди на одреден број на млади луѓе кои је можат да ги надминат тие комплекси."

Каровиќ додава дека унијата собира најголем дел од популацијата на цивилни жртви на војната и дека им помага низ сите сегменти на општествениот живот, од убав збор до правен совет.

„Тежок е животот на таа популација, бидејќи за жал живееме во време кога сите се оправдуваат на тоа дека нема пари. Меѓутоа, би рекла дека тука нема добра волја да им се помогне на тие луѓе, а верувјте дека на оваа популација има голема потреба од помош и тоа треба да се направи што поскоро", смета претседателката на Унијата на цивилните жртви на војната од Кантон Сараево.

- Морална сатисфакција

Таа нагласува дека, за жал, голем грој граѓани на Сараево се обидува да го заборави блиското минато.

„Мораме секојдневно да потсетуваме дека беше агресија, дека тоа беше војна против цивилите. Дека ги фрлаа гранатите не размислајќи каде ќе паднат, кого ќе ранат, кого ќе убијат и што ќе направат. Не смееме тоа да го заборавиме. Мораме поради идните поколенија, поради нашите деца, поради историјата да се знае кој бил агресор, кој бил на ридовите околу Сараево, кој ги убивал граѓаните на Сараево, кој ги мачел, без вода, без леб, без сето она што мораме да го имаме во секојдневниот живот. Во унијата на цивилните жртви од војната се обидуваме колку е во наша моќ да ги одбележиме сите овие места на страдања", рече Каровиќ.

Таа верува дека судиите на Хашкиот трибунал на 22. ноември ќе ја изречат заслужената казна на Ратко Младиќ, воениот командант на Војската на Република Срспка, која 1 425 дена го држеше под опсада Сараево.

„Сакам да верувам дека судиите на Хашкиот трибунал ќе имаат сила и храбост да пресудат во име на правдата и праведноста. Колку тоа мене ми значи како на жртва на војната? Ми значи многу. Никој и со ништо ниту на мене, ниту на цивилните жртви на војната не може да го надомести она што тие го загубиле и преживеале. Меѓутоа, би добиле морална сатисфакција да се знае дека мора да одговара секој за она што го направил. Да, на крајот на краиштата, военото злосторство не е исплатливо, да постои казна за луѓето кои работат воени злосторства, кои наредуваат да се убиваат граѓаните на Сараево", заклучува Каровиќ

Сараевскиот пазар Маркале во текот на опсадата на Сараево беше место на два страшни масакра. По фрлените гранати од положбите на Војската на Република Српска, првин на 5. февруари 1994. година се убиени 68, а ранети 144 лица, а потоа на 28. август 1995. година животот го загубија 27 граѓани на Сараево а повредени се 90.

- Сеќавања на масакрот на Маркале

Абид Кочевиќ, денес личност на 84. годишна возраст, беше сведок и жртва на масакрот 1994. година. Експлозијата на гранатата му нанесе тешка повреда на ногата.

„Тоа секогаш ми е пред очите. Секогаш кога ќе поминам покрај тој пазар или кога одам таму, сликатата ми е во глава, каде лежев, каде сум ранет ... Друго ништо не знам, бидејќи ме носеа така ранет. Во болница газеа по мене, бидејќи имаше многу ранети лица. Да не фатив некој во бел мантил би умрел", се присетува Кочевиќ на тој кобен 5. февруари пред 23 години.

Откакако во Сараево му е укажана прва помош префрлен е во американска болница во близина на Штутгард, каде му ја спасиле ногата.

„Од тука ме испратија во Англија за да го довршат лекувањето. Тука бев пет години и тогаш се вратив ваму. Штом дојдов во Англија тие ме прашаа дали ќе останам или ќе се вратам. Реков дека ќе се вратам. Живеам тешко, бидејќи имам железна цевка во ногата и осум штрафови. Стравувам тоа да не попушти", раскажува Кочевиќ и ги враќа сеќавањата на масакрот:

„Тешко беше, кога се разбудив по експлозијата, видов дека сите лежат. Никој не се слуша, пробав да видам што е со мене и гледам дека ногата ми е свртена. Тогаш дојдоа луѓе кои не ставаа во гепек од автомобили и не носеа."

Кочевиќ нагласува дека му е многу жал што во БиХ се случила војна, бидејќи пред тоа сите живееле како еден народ.

„Живеевме како еден народ и Срби, и Хрвати, и Бошњаци. Се женевме, се мажевме едни за други, немаше никакви разлики. Меѓутоа, војната многу ги поремети односите, иако народот се обидува малку тоа да го заборави. Се сеќавам на Младиќ добро кога преку телевизија и радио зборуваше: 'Гаѓајте, тука нема Срби',но никогаш не ми беше на памет дека ќе го гаѓаат пазарот. Се е пореметено, да не знам што да кажам", вели Кочевиќ и се надева дека Младиќ соодветно ќе биде казнет поради злосторствата коишто ги направил:

„Тој навистина заслужи да биде строго казнет, бидејќи направи највеќе злосторства. Оние што убиваа тоа го правеа по негова наредба. Искрено, лично, се сомневам дека правдата ќе дојде,бидејќи како што во светот владее закон, дај Боже тоа да биде вистинската правда. Тој не смее да го поклопи српскиот народ, не е целиот српски народ таков. Во Сараево тој не гаѓаше само Бошњаци, гаѓаше и Срби и Хрвати и Евреи и Роми. Сите ги гаѓаше и не би смеело да се случи да не биде осуден", рече Кочевиќ.

Иако во војната дожиеал тешка повреда, Кочевиќ истакнува дека и денеска има другари православци и католици, кои не ги разликува според верата, туку со нив дели добро и зло.

- Повеќе од 300 гранати дневно 

Обвинетиот од Хаг Ратко Младиќ, поранешен командант на Војската на Република Српска се обвинува во 11 точки од обвинението за геноцид, злосторства против човечноста, кршење на закони и обичаи на војување.

Посебен дел на обвинението против Ратко Младиќ, се однесува на опсадата на Сараево, на гранатирање на градот и снајперскиот оган на цивилното население. Младиќ е обвинет за гранатирање улици, стамбени згради, институции и болници, во кои загинале или се ранети преку 10 илјади граѓани, меѓу кои голем број деца и жени.

Во текот на опсадата на Сараево која траела 1.425 дена на градот во просек секој ден паѓале 329 граѓани од кои страдале 11.541 цивили, од кои 1.601 дете, а повредени се преку 60 илјади луѓе.

Читањето на пресудата во предметот Младиќ ќе се одржи на 22 ноември во судницата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Судењето почна на 16 мај 2012. година. Доказната постапка на Обвинителството е завршена на 26 февруари 2014 година, а доказната постапка на одбраната започна на 19. мај и траеше до 16 август 2016 година. Изнесување на завршните зборови е одржано од 5 до 15 декември 2016. година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.