култура и уметност

Саем на современа уметност во Мадрид, учествуваат 300 колекционери од 33 земји

Во рамките на саемот предвидена е и меѓународна колекционерска програма во која се вклучени посети на институции и приватни колекции

Vesna Besiç  | 22.02.2018 - Обновена : 23.02.2018
Саем на современа уметност во Мадрид, учествуваат 300 колекционери од 33 земји Burak Akbulut/AA

Madrid

МАДРИД (АА) - Денес во Мадрид се отвори Саемот за современа уметност „Arco“ (Арко), јавува Anadolu Agency (AA).

На саемот, кој оваа година се организира по 37. пат, учествуваат над 300 колекционери од 33 земји. Посетителите до 25 февруари ќе имаат можност да ја видат „уметноста која доаѓа“.

Во рамките на саемот предвидена е и меѓународна колекционерска програма во која се вклучени посети на институции и приватни колекции

Организаторите велат дека „Арко“ е место за дискусија за актуелните случувања на пазарот на уметноста. Тоа е место за состаноци на меѓународната уметничка заедница, каде што уметниците имаат можност да разменуваат идеи и проекти и да развиваат соработка со различни галерии во светот.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın