свет

Хамас за говорот на Абас во ОН: Не го одразува нашиот национален консензус

Од палестинското движење Хамас сметаат дека говорот на Абас воопшто не го одразува, како што рекоа, 'националниот консензус на Палестинците'

Nilay Kar  | 21.02.2018 - Обновена : 21.02.2018
Хамас за говорот на Абас во ОН: Не го одразува нашиот национален консензус

Gaza

ГАЗА (АА) - Палестинското движење Хамас денес го критикуваше вчерашното обраќање на претседателот на Палестина, Махмуд Абас, пред Советот за безбедност на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Хамас сметаат дека говорот на Абас воопшто не го одразувал, како што рекоа, 'националниот консензус на Палестинците'.

„Обраќањето на Абас не беше на очекувано ниво, ниту го одразуваше нашиот национален консензус со кој се бара завршување на Договорот од Осло и се отфрлаат преговорите со окупаторите“, се наведува во соопштението на палестинското движење.

Договорот од Осло, договорен во Норвешка на 20 август 1993 година, беше пресвртна точка во палестинско-израелскиот конфликт. Тоа беше прв директен договор меѓу Израел и палестинските политички претставници (PLO). Замислен е како рамка на идните односи меѓу Израел и идната палестинска држава кога ќе се решат сите нерешени прашања за конечниот статус на двете земји.

Абас вчера во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН повика на признавање на Палестина како полноправна членка на ОН, како и на формирање на мултилатерален механизам за решавање на палестинското прашање.

„Веруваме дека преговорите се единствен пат кон мирот“, изјави Абас пред присутните, апелирајќи на одржување меѓународна конференција во текот на оваа година.

Хамас го осуди повикот на Абас за продолжување на, како што ги нарекоа, 'патетичните преговори', додека Израел, како што се наведува понатаму, продолжува со кршењето на основните права на Палестинците.

Вчера беше одржано заседание на Советот за безбедност на ОН на кое се дискутираше за моменталната ситуација во Палестина.

Палестина досега ја признаа 137 од 193 земји-членки на Обединетите нации (ОН).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın