свет

Претседателката на ФЕД, Жанет Јелен, со писмена оставка до Трамп

Жанет Јелен, претседателката на Федералните резерви (ФЕД), соопшти дека ќе го напушти Управниот одбор на ФЕД откако Жером Пауел, нејзиниот наследник, и официјално ќе ја преземе функцијата

Gülbin Yıldırım  | 21.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
Претседателката на ФЕД, Жанет Јелен, со писмена оставка до Трамп

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Жанет Јелен, претседателката на Федералните резерви (ФЕД), соопшти дека ќе го напушти Управниот одбор на ФЕД откако Жером Пауел, нејзиниот наследник, и официјално ќе ја преземе функцијата, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на ФЕД се наведува дека Јелен денес на претседателот Трамп му поднела писмена оставка.

„Г-дине претседателе Трамп, Ви пишувам за да ве известам дека планирам да поднесам оставка од Управниот одбор на ФЕД откако мојот наследник ќе положи заклетва. Ми беше голема привилегија и чест 30 години да служам во ФЕД“, рече Јелен.

Американскиот претседател на почетокот на ноември го номинираше Пауел за челник на Федералните резерви.

Пауел, умерен републиканец, правник и поранешен банкар, ќе ја замени Јелен откако ќе истече нејзиниот мандат во февруари 2018 година.

Пауел (64), кого поранешниот претседател на САД, Барак Обама, во 2012 година го назначи во одборот на Федералните резерви, беше еден од петте можни кандидати за челник на Федералните резерви.

Меѓу кандидатите беше и сегашната челничка на ФЕД, Јелен, потоа економистот Џон Тејлор од Универзитетот во Стенфорд, главниот советник за економија на претседателот Трамп, Гери Кон и поранешниот гувернер на Федералните резерви, Кевин Варш.

Да потсетиме, во претходно соопштение на Белата куќа, Трамп го нарече Пауел силен, посветен и умен челник.

„Тој е силен, одлучен, интелигентен. Тој докажа дека е архитект на консензусот за монетарна и финансиска политика во којашто верува ... и јас сум убеден дека Џеј има мудрост и особини на челник за да ја води нашата економија", наведе Трамп.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın