свет

Регистриран птичји грип во Јужна Кореја

Јужнокорејскиот министер за земјоделство и храна истакна дека е издадена забрана за транспорт и трговија на живината во период од 48 часа во целата земја, откако е забележана појавата на птичји грип

Zehra Ulucak  | 20.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
Регистриран птичји грип во Јужна Кореја

Ankara

АНКАРА (АА) - Јужна Кореја потврди дека е регистрирана појава на високопатогениот птичји грип на една фарма за патки во јужниот дел на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на новинската агенција „Kyodo“ (Кјодо), јужнокорејскиот министер за земјоделство, храна и рурални прашања, Ким Јунг Рок, истакна дека е издадена забрана за транспорт и трговија на живината во период од 48 часа во целата земја, откако е забележана појавата на птичји грип на фарма за патки во областа Гочанг, 300 километри југозападно од престолнината Сеул.

Министерот Ким вели дека забраната донесена со цел борба против оваа болест, ги опфаќа и возилата и вработените од фармите за живина. „Донесени се превентивни мерки од високо ниво коишто се однесуваат на сите фарми за живина во земјата“, рече тој.

Според соопштеното, откако е откриен вирусот на птичји грип од типот H5N6, уништени се околу 12.300 патки од фармата.

Од друга страна, во веста на новинската агенција „Yonhap“ (Јонхап), заснована на информации од владини претставници, се вели дека сите фарми за живина низ земјата и нивните возила ќе бидат дезинфицирани.

Во Јужна Кореја, во ноември минатата година, како и во март годинава беа уништени милиони кокошки и патки поради епидемијата на птичји грип во земјата.

Птичјиот грип во светот беше забележан во првите месеци од 2004 година, кај живината во земјите како Кина, Индонезија, Јужна Кореја, Хонг Конг, Јапонија, Тајланд, Виетнам, Камбоџа и Лаос.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın