свет

Фоторепоретрот на AFP од Африн е поддржувач на режимот на Асад

За фоторепортерот на AFP по име Жорж Урфалиан е утврдено дека се обидел да шири дезинформации во врска со операцијата „Маслинова гранка“, која во Африн ја спроведуваат Вооружените сили на Турција (ТСК)

Fatma Esma Arslan  | 21.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
Фоторепоретрот на AFP од Африн е поддржувач на режимот на Асад

Ankara

АНКАРА (АА) - За фоторепортерот на Француската новинска агенција (AFP) во Сирија, кој фотографијата на вчерашното движење на терористичките организации лојални на сирискиот режим кон регионот Африн ја сервисираше со опис „Влез во центарот на Африн“, се испостави дека има многу блиски односи со војниците на режимот на Асад, до таа мерка што со нив има и заеднички фотографии на кои покажува два прста како симбол на победа, јавува Anadolu Agency (AA).

За фоторепортерот на AFP по име Жорж Урфалиан е утврдено дека се обидел да шири дезинформации во врска со операцијата „Маслинова гранка“, која во Африн ја спроведуваат Вооружените сили на Турција (ТСК).

Урфалиан вчера забележа фотографија за AFP со тврдење дека „борците лојални на Владата на Сирија влегле во Африн“, но AFP тоа го исправи и го објави како „влез на борците лојални на режимот на Асад во регионот Африн“.

Урфалиан претходно на социјалните мрежи споделуваше фотографии со еден од најпознатите новинари на режимот на Асад, Шади Хилв, а исто така, се забележува дека често се состанувал и со војниците на режимот на Асад со кои воспоставил блиски односи.

Врз основа на фотографиите може да се забележи како Урфалиан во друштво на војниците на Асад покажува симбол на победа, односно дека работи како новинар за режимот на Асад.

Терористичките групи лојални на сирискиот режим вчера од јужниот регион Нубул Зухра тргнаа кон регионот Африн, со цел давање поддршка на терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ. Се повлекоа на околу 10 километри од градот, по артирелискиот оган на турските сили отворен во знак на предупредување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın