свет

Шулц: СПД не е за голема коалиција, туку за нови избори во Германија

Лидерот на германските социјалдемократи, Шулц, ги обвини канцеларката Меркел и другите учесници дека со неуспешните преговори за коалицирање, ја турнале земјата во длабока политичка криза

Erbil Başay  | 20.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
Шулц: СПД не е за голема коалиција, туку за нови избори во Германија

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Мартин Шулц, денеска изјави дека неговата партија не се плаши од предвремени избори како решение за актуелната политичка криза во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Христијанската унија ЦДУ / ЦСУ на актуелната германска канцеларка Ангела Меркел не успеа да постигне договор за коалицирање со либералната Слободна демократска партија (ФДП) и со движењето Зелени, а тоа беше повод за одржување на вонредна средба на челниците на СПД, која како досегашен коалициски партнер по неодамнешните избори соопшти дека ќе дејствува како опозиција.

По состанокот, Шулц ги обвини четирите партии дека со неуспешните преговори, два месеца по изборите, ја втурнале Германија во сериозна криза.

„Ние нема да влеземе во нова т.н. голема коалиција со ЦДУ / ЦСУ и се залагаме за распишување предвремени избори. Сметаме дека би било важно граѓаните уште еднаш да ја разгледаат ситуацијата. Не се плашиме од предвремени избори“, рече Шулц.

Шулц истакна дека накратко се сретнал со германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер, но дека Меркел не го исконтактирала.

„Според Уставот, сега се на потег Федералниот парламент и претседателот на Германија, кои треба да распишат нови избори“, рече Шулц.

Тој, исто така, рече дека на декемврискиот конгрес ќе биде кандидат за нов мандат како претседател на СПД, но не одговори на новинарското прашање за тоа дали ќе биде кандидат на СПД за канцелар во случај на повторување на изборите.

Радикалната десничарска Алтернатива за Германија (АфД) е задоволна од неуспехот од преговорите за коалицирање предводени од Меркел.

„Меркел беше неуспешна и повеќе не треба да биде на таа позиција“, рече лидерот на АфД, Александар Гауланд.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın