спорт

Ниту Вориорс не успеаја да ги сопрат Селтикс

Бостон Селтикс ја извојува и 14. последователна победа во НБА, победувајќи го шампионот Голден стејт вориорс со резултат 92:88.

Doga Kirmizioglu  | 17.11.2017 - Обновена : 17.11.2017
Ниту Вориорс не успеаја да ги сопрат Селтикс

Ankara

АНКАРА (АА) - Во Американската кошарска лига се одиграа два натпревара. Лидерот на Источната конференција, Бостон селтикс, во ТД „Гарден арена“ го пречека последниот шампион на НБА, Голден стејт вориорс. Во третата четвртина, Селтикс заостануваше за 17 поени при резултат 49:66. И покрај големата разлика, Селтикс не се предаде и правејќи серија од 19:0, успеа на крајот од натпреварот да извојува победа со резултат 92:88, јавува Anadolu Agency (AA).

Со оваа победа, Селтикс направи серија од 14 последователни победи. Џејлен Браун со 22 поена и 7 скока, Ал Хорфорд со 18 поени и 11 скока и Кајри Ирвинг со 16 поени, 6 асистенции и 5 скока, беа најефикасните во редовите на екипата од Бостон.

Најефикасни во редовите на Голден стејст вориорс, кои го претпеа четвртиот пораз за оваа година, беа Кевин Дурант со 24 поени, Клеј Томсон со 13 поени и 7 скока и Дрејмонт Грин со 11 поени и 8 скока. Една од ѕвездите на Вориорс, олстар-играчот Стефан Кери постигна само 9 поени.

Џејмс Харден постигна 48 поени

Хјустон рокетс по победата над Феникс санс како гостин, со резултат 142:116, се искачи на врвот во Западната конференција. Џејмс Харден, олстар-играчот на Хјустон Рокетс блесна на овој натпревар.

На натпреварот во којшто Рокетс ја извојуваа својата 12 победа, Харден постигна 48 поени и имаше 7 асистенции. Во редовите на Рокетс се истакнаа и Рајан Андерсон, со 24 поени, и Клинт Капела со 12 поени и 10 скока.

Ова е 11. пораз на Санс. Најефикасен во редовите на Санс беше Трој Даниелс, со 23 поени, кој подоцна влезе во игра. Грег Монро постигна 20 поени и имаше 11 скока, додека Девин Букер постигна 18 поени.

НБА продолжува со 11 средби што ќе се одиграат вечерва.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.