спорт

Перу го купи последиот билет за Мундијалот ФИФА 2018

Доцна синоќа фудбалската селекција на Перу ја победи репрезентацијата на Нов Зеланд со резултат 2:0 и се избори за настап на Мундијалот

Satuk Buğra Kutlugün  | 16.11.2017 - Обновена : 16.11.2017
Перу го купи последиот билет за Мундијалот ФИФА 2018

Ankara

АНКАРА (АА) - Доцна синоќа фудбалската селекција на Перу ја победи репрезентацијата на Нов Зеланд со резултат 2:0 и се избори за настап на Мундијалот кој ќе се игра следното лето во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).

Џеферсон Фарфан и Кристијан Рамос беа стрелците за историската победа на Перу, кој така го „купи“ последниот билет за учество на ревијата на најдобрите фудбалски екипи во светот.

Со синоќешниот натпревар и официјално завршија квалификациите за пласман на Мундијалот, а објавени се и групите според квалитетот во пресрет на престојната жрепка за групите на Светското првенство.

Извлекувањето на групите за Светското првенство ќе се одржи на 1 декември во палатата Кремљ во Москва.

Вкупно 32 селекции се класифицирани во четири шешири пред извлекувањето на групите. Во првиот шешир се наоѓа домаќинот Русија, актуелниот светски шампион Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска и Франција.

Во вториот шешир се: Шпанија, Перу, Швајцарија, Англија, Колумбија, Мексико, Уругвај и Хрватска.

Селекцијата на Данска, Исланд, Костарика, Шведска, Тунис, Египет, Сенегал и Иран се во третиот шешир, додека во четвртиот се селекциите на Србија, Нигерија, Австралија, Јапонија, Мароко, Панама, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.