Турција

Турција: Изминатата недела неутрализирани 58 терористи

Во текот на изминатата недела, 45 припадници на терористичката организација ПКК се убиени во операциите на безбедносните сили. Десет терористи беа фатени, а тројца ѝ се предадоа на полицијата

Ekipa  | 20.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
Турција: Изминатата недела неутрализирани 58 терористи

Ankara

АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Турција соопшти дека од 13 до 20 ноември оваа година во антитерористички операции се неутрализирани вкупно 58 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).

Во текот на изминатата недела, во акциите на безбедносните сили беа убиени 45 припадници на терористичката организација ПКК. Десет терористи беа фатени, а тројца ѝ се предадоа на полицијата. Се додава дека во наведениот период биле извршени 1.366 антитерористички акции.

Приведени се 63 лица под сомнение за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, 666 во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО, десет лица во борбата против левичарските терористички организации и 206 за пружање помош на терористи.

Во наведениот период приведни се вкупно 5.273 лица, од кои 945 во текот на борбата против тероризмот, 115 поради илегална миграција, а 4.213 за трговија со наркотици.

Антитерористички акции се спроведени во Агри, Бингол, Дијарбакир, Ерзинџан, Хакќари, Кахраманмараш, Мардин, Ширнак, Тунџели и во Ван, во кои уништени се 73 засолништа, скривалишта и пештери кои ги користеле терористите, како и 55 експлозивни направи.

Припадниците на безбедносните сили запленија 2.413 килограми материјал кој се користи за изработка на експлозиви; 61 рачна бомба, 81 парче оружје и 2.290 парчиња муниција.

Во акциите на припадниците на силите за безбедност запленети се речиси три тони марихуана, 316 килограми хероин, 2,6 килограми кокаин и други опојни средства.

Борбата против илегалните миграции, како на копно така и на море и понатаму траат, при што фатени се 5.806 мигранти кои по илегален пат се обиделе да ја преминат границата на Турција. Од нив 370 се фатени на море, а приведени се и 115 лица поради организирање на нелегални преминувања. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın