Senita Sehercehajic
10 Август 2026•Ажурирано: 10 Август 2026
Во прекрасниот амбиент на сараевското излетничко место Бентбаша, на реката Миљацка, се одржа 12. издание на меѓународниот натпревар „Бентбаша Клиф Дајвинг 2026“, јавува Анадолу.
Натпреварот собра натпреварувачи, љубители на спортот и голем број посетители.
Во конкуренција на 25 натпреварувачи од шест земји првото место го освои Игор Арсениќ од Бања Лука, второто место му припадна на Евалд Крњиќ од Црна Гора, а трет беше Данко Дангубиќ од Коњиц.
„Бентбаша Клиф Дајвинг“ во текот на 12 години прерасна во една од најпрепознатливите летни манифестации во Сараево.