Dzihat Aliju
30 Април 2026•Ажурирај: 30 Април 2026
Собранието на Северна Македонија изгласа укинување на техничката влада, јавува Анадолу.
Од вкупно 81 присутен пратеник на седница, 70 гласаа „за“, 11 „против“, додека воздржани немаше.
Со овие измени, техничката влада ќе биде укината по одржувањето на следните парламентарни избори.
Техничката влада во Северна Македонија беше донесена како привремена политичка мерка по Пржинскиот договор од 2015 година, постигнат со посредство на Европската Унија (ЕУ) за надминување на длабоката политичка криза во земјата.
Нејзина цел беше да се обезбедат слободни и фер избори, ограничувајќи го влијанието на владејачкиот субјект за време на изборната кампања.
Според договорот, привремената влада се формираше 100 дена пред парламентарните избори, при што некои клучни позиции се пренесуваа на претставници на опозицијата.