Ekipa
12 Октомври 2021•Ажурирај: 13 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 130 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 195.132, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 6 починати лица од Ковид-19, а билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.855.
Институтот за јавно здравје регистрира 423 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 181.619.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 e 6.658.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.843 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.326.737 тестирања.