Husamedin Gina
01 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
СКОПЈЕ
Во изминатото деноноќие во Северна Македонија регистрирани се 153 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 202.705, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 11 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин пријавени се две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.145.
Институтот за јавно здравје регистрира 309 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 188.849.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 6.711.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.549 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања.