Dzihat Aliju
01 Мај 2026•Ажурирај: 01 Мај 2026
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) организираше протест по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, под мотото „За плата се бориме – не се молиме“, јавува Анадолу.
Стотици луѓе се собраа пред зградата на ССМ, од каде што маршираа кон Собранието, Стопанската комора, а потоа и кон Владата.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во своето обраќање пред Владата рече дека половина од работничкото население во земјата живее со плата помала од 600 евра.
Тој исто така истакна дека една третина од целокупното работоспособно население во Северна Македонија живее под линијата на сиромаштија.
„Ние бараме минималната плата да се зголеми две години. Две години одбиваат да зголемат за тоа што не сакаат да го вратат работничкото достоинство“. додаде тој.
Како и на претходните протести на ССМ, демонстрантите побараа минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување од 100 евра за сите.
Инаку, ССМ повеќе пати оваа година протестираше со барање за зголемување на платите.