Adel Omeragic
15 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Националното координативно тело за борба против заразните болести на Црна Гора донесе нови мерки против ширење на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новите мерки опфаќаат затворање на границите за странските државјани, како и затворање на угостителски објекти, хотели, кафулиња, ресторани, кладилници и казина.
„Се воведува забрана за влегување на странци, освен на оние со престој во Црна Гора и освен за промет на стока. Се воведува обврзувачка самоизолација на патници од странство. Исто така, се воведува забрана на угостителски услуги во хотели, освен за пријавените гости, затворање на дискотеките и ноќните клубови, кафулиња, кафани, кафетерии, ресторани, барови, детски игротеки, фитнес центри, казина, кладилници и коцкарници. Новата мерка е и ограничување на бројот на купувачи - максимум 50 во објект, а на пазарите максимум 100", порача вечерва на вонредна конференција за медиуми Милутин Симовиќ, потпретседател на Владата на Црна Гора.
Тој рече дека Црна Гора прави се за да ја одложи појавата на коронавирусот, а кога ќе дојде до првиот случај, целта ќе биде да се спречи негово неконтролирање ширење.