Agim Sulaj
03 Септември 2021•Ажурирај: 07 Септември 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 26 лица, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.584, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 1.448 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 149.940.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 12.558 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.021.404 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 120.892 лица. Во моментов во земјата има 26.525 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 882.718 дози од вакцините против Ковид-19.