Agim Sulaj
01 Јули 2026•Ажурирано: 01 Јули 2026
Од денес, 1 јули, во Косово се зголемува минималната плата на 500 евра за сите работници со договор за работа, јавува Анадолу.
Вршителот на функцијата премиер, Албин Курти, преку социјалните мрежи изјави дека од зголемувањето на минималната плата ќе имаат корист околу 150 илјади работници во приватниот сектор.
Курти нагласи дека ова е четврто зголемување на минималната плата за време на неговото владеење.
„Минималната плата во нашата земја остана непроменета повеќе од десет години. 2011 година беше последно кога беше изменета. Оттогаш остана 130, односно 170 евра (во зависност дали си под или над 35 години). За време на нашата влада таа беше зголемена четири пати: од 130 и 170 евра на 250 евра, потоа на 350 и на крај на 425 евра. А денес минималната плата стана 500 евра“, истакна Курти.
Тој додаде дека повеќе од една деценија минималната плата била ниска и непроменета.
„Во помалку од половина деценија со нас, ја зголемивме трипати“, напиша Курти.
Според Агенцијата за статистика на Косово (АСК), приватниот сектор има околу 320 илјади работници, додека јавниот сектор околу 80 илјади.