Dzihat Aliju
16 Јуни 2024•Ажурирај: 18 Јуни 2024
СКОПЈЕ / ТИРАНА (АА) - Денес во светот припадниците на муслимансакта вероисповед го одбележуваат празникот Курбан бајрам. Празникот се одбележува и на балканските простори, известува Анадолу.
- Северна Македонија
Централната церемонија за Курбан Бајрам во Северна Македонија се одржа во џамијата Мустафа-пашина во главниот град Скопје во организација на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија.
Пред бајрамската молитва се учеа делови од Куранот и се читаа илахии и молитви на турски, албански и босански јазик.
Покрај во внатрешноста на џамијата, муслиманите го исполнија и дворот на џамијата.
Проповедта за Курбан Бајрам ја спроведе тетовскиот муфтија Селвер Џемаили во име на Шакир Фетаху, претседателот на Исламската верска заедница на Северна Македонија, кој во момнтов престојува во Саудиска Арабија за да ја исполни обврската на хаџот.
Во изјавата за новинарите по бајрамската молитва, Џемаили им го честиташе Курбан Бајрам на сите муслимани, каде и да се во светот.
Молејќи се за прифаќање на молитвите, Џемаили рече: „Му се молам на Семоќниот Бог овој празник да доведе да преовладува мирот, љубовта и почитта во нашите семејства и овие вредности да ги пренесе на целото човештво“.
Припадниците на муслиманската вероисповед бајрамската молитва ја спроведоа и во џамиите низ Северна Македонија.
- Косово
Церемонија за Курбан Бајрам во Косово се одржа во преполната џамија Султан Мехмет Фатих во Приштина. Проповедта ја спроведе косовскиот муфтија Наим еф. Тернава.
Бајрамската молитва се одржа во сите џамии низ Косово.
- Албанија
Оваа година централната церемонија за Курбан Бајрам во Албанија се одржа на булеварот „Загинатите херои на нацијата“ во главниот град Тирана.
Во програмата на која присуствуваа илјадници муслимани, се учеа делови од Куранот и се читаа илахии и молитви.
Освен на булеварот, бајрамската молитва се изврши и во џамиите и плоштадите низ државата.