Stipe Majic
05 Јули 2020•Ажурирано: 05 Јули 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Од 7 до 19 часот вечерва ќе бидат отворени скоро 7.000 избирачки места за 3,86 милиони хрватски државјани кои ќе избираат пратеници за 10. состав на Хрватскиот сабор, јавува Агенција Анадолија (AA).
На сите гласачки места во Хрватска на сила се посебни епидемиолошки мерки, па така гласачите покрај заштитните маски и дезинфекција на рацете, се должни да носат и свое пенкало и да се придржуваат до минималната потребна дистанца.
На изборите право на глас имаат 3,86 милиони лица во земјата и во 42 држави во странство, со тоа што во некои држави се гласаше вчера. Отворени се вкупно 6.999 избирачки места.
За Саборот се бираат вкупно 151 пратеник, 140 во десет изборни единици во Хрватска, тројца избираат гласачите без престој во Хрватска, а осум пратеници се припадници на националните малцинства.
И лицата заразени со коронавирусот можат да гласаат со помош на доверливо лице кое ќе го пополни гласачкото ливче.
Избирачкото право сакаат да го искористат и 476 од околу 5.000 лица во самоизолација.