Ekipa
25 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 63 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 90.717, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 6 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.791.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 78.727.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 9.199.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 677 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 443.277 тестирања.