Dzihat Aliju
21 Април 2026•Ажурирај: 21 Април 2026
Министерот за јавна администрација на Северна Македонија, Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза, пренесува Анадолу.
Средбата се оствари на маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, Црна Гора, во рамки на Берлинскиот процес.
Според соопштението од Владата, средбата е посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за поинтензивна и структурирана идни партнерска интеракција.
„Во фокусот на разговорите беа реформата на јавната администрација, унапредувањето на институционалните и административните капацитети, како и размената на искуства и добри практики во насока на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на јавните услуги“, се истакнува во соопштението.
Понатаму, во соопштението се вели дека соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно јакнење на соработката и континуирана размена на знаења и експертиза, со цел поддршка на реформските процеси и усогласување со европските стандарди.