Husamedin Gina
10 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
СКОПЈЕ
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 813 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 234.277, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 6 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 27 до 29.12.2021 г. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 8.042.
Институтот за јавно здравје регистрира 998 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 215.852.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 10.383.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 5.165 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.665.043 тестирања.