Admir Fazlagic
06 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 113 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи на овој вирус во земјата се искачи на 11.399, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати шест лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 517.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени лица се искачи на 7.480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 109.946 тестирања на овој вирус.