Besar Ademi
27 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Парламентарното мнозинство составено од 69 пратеници од вкупно 120, станаа на нозе барајќи да се премине на точката за гласање на претседател на Собранието на Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Извикувајќи „ Гласајте", „Затвор не Ви бегаа", побараа претседавачот со Собранието Трајко Вељановски да премине на точката за избор на новиот претседател на Собранието.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ станаа да го спречат гласањето на точката избор на претседател на собранието, а паралментарното мнозинство, побара тие да ја напуштат салата, бидејќи, како што рекоа, мнозинството се состои и без нив.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека тоа е надвор од прописите, исто така станаа на нозе пеејќи ја химната на Република Македонија.
По химната на Република Македонија која ја пееја пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот од Движењето БЕСА, Зекерија Ибраими, од собраниската говорница ја пееше албанската химна, после што претседавачот со седницата, Вељноски ја прекина седницата и закажа нејзино продолжување за утре.
Претходно, прес-конференција одржа претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев кој рече дека „државен интерес број еден е да се одблокираат демократските процеси и Македонија да добие институции коишто ќе работат со полн капацитет и да продолжи да се движи напред”, како и дека тие ја преземаат обврската да продолжат со демократските процеси со избор на нов претседател на Парламентот и тоа токму од редот на оформеното и декларирано мнозинство коешто постои во Парламентот.
Од друга страна, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски, рече дека повикот за избор на претседателот на Собранието од страна на лидерот на СДСМ е повик за конфликт, тензии и државен удар. Тој смета дека таквиот потег би можел да има големи последици за земјата, поради што ќе изгубат граѓаните.
Инаку, конституивната седница започна на 30 декември 2016 година, но беше прекината поради тоа што не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на нов претседател на Собранието на Република Македонија.