Furkan Naci Top
20 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
АТИНА (АА) - Три тројлебуси во Атина се запалени со молотови коктели, по што тие биле уништени и не се во употреба, јавува Anadolu Agency (AA).
Една група ги сопрела тролејбусите во близина на улицата Патисион во населбата Ексархиа и откако патниците ги напуштиле возилата, тие внатре биле полеани со запаливи материјали и запалени со молотови коктели.
И покрај реакцијата на противпожарните екипи, тролејбусите биле уништени од огнот. Во меѓувреме полицијата спроведе силно обезбедување во околината на местото на настанот, поради што одредено време улиците беа затворени за сообраќај.
Во населбата Ексархиа, често се случуваат тепачки меѓу полицијата и групите што себеси се нарекуваат „анархисти против системот“.