Övünç Kutlu
01 Септември 2023•Ажурирај: 03 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – „Мудис“ ја ревидира прогнозата за економскиот раст на Туркије за оваа година од 2,6 на 4,2 отсто, според извештајот „Global Macro Outlook 2023“, ажуриран на 24 август, а објавен вчера, јавува Анадолу.
Глобалната рејтинг-агенција ја ревидираше во насока на зголемување својата прогноза за економскиот раст за Туркије за 2024 година од два отсто проценети во мајскиот извештај, на три отсто.
„Економската активност во првата половина на 2023 година ги надмина нашите очекувања во повеќе земји“, се вели во извештајот во кој се наведува и Туркије.
Агенцијата, исто така, истакна дека очекува тешките финансиски услови да потраат во текот на следната година, „кочејќи го глобалниот раст“.
Се проценува дека растот на бруто-домашниот производ (БДП) за земјите од групата Г-20 ќе забави на 2,5 отсто оваа година и 2,1 отсто во 2024 година, од 2,7 отсто во 2022 година.