Bahattin Gönültaş
30 Август 2023•Ажурирај: 01 Септември 2023
БЕРЛИН (АА) - Увозните цени во Германија во јули забележаа најголем годишен пад од јануари 1987 година, јавува Анадолу.
Според податоците на германскиот Федерален завод за статистика (Destatis), индексот на увозните цени во јули е намален за 13,2 отсто во однос на истиот месец претходната година.
По падот од 9,1 отсто, односно 11,4 отсто на годишно ниво во мај и јуни, очекувањата на пазарот беа дека увозните цени ќе останат стабилни во јули.
Падот на цената на енергентите најмногу влијаеше врз индексот на увозните цени.
„Како и претходните месеци, главен фактор на падот се значителните поскапувања во претходната година поради војната во Украина“, се наведува во соопштението на Заводот.
Цените на увезените енергенти во јули беа пониски за 47,4 отсто во однос на истиот период минатата година.
Аналитичарите оценуваат дека падот на увозните цени ќе влијае и врз потрошувачките цени.
Индексот на увозните цени се мери со движењето на месечната трансакциска цена на увезените стоки што домашните резиденти ги купуваат од други држави.