Handan Kazancı
03 Јануари 2025•Ажурирај: 04 Јануари 2025
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија во 2024 година постави нови рекорди во енергетскиот сектор, намалувајќи ги емисиите благодарение на зголемувањето на обновливите извори на енергија, јавува Анадолу.
„Емисиите се намалени за 59 отсто во споредба со нивоата од 1990 година, благодарение на повеќе обновливи извори на енергија“, според Европската асоцијација на организации од индустријата за електрична енергија Еурелетик.
Просечната цена на големопродажба на електрична енергија во ЕУ за ден однапред падна за 16 отсто во споредба со 2023 година, со некои забележителни исклучоци во последниот квартал, се додава во соопштението.
Емисиите во енергетскиот сектор на ЕУ беа намалени за 13 отсто во 2024 година, достигнувајќи рекордно ниско ниво, покажуваат податоците.
Обновливите извори на енергија сочинуваа 48 отсто од вкупното производство на електрична енергија во ЕУ, додека нуклеарните извори сочинуваа 24 отсто, а фосилните горива 28 отсто, што е најмал удел во историјата.
Коментирајќи го извештајот, Силијан О’Доногју, директор за политика во Еурелектрик, рече дека податоците ја потврдуваат важноста од инвестирање во обновливите извори на енергија како клуч за поконкурентна и декарбонизирана економија.
„Тоа мора да биде дополнето со поцврст и флексибилен капацитет за да се балансира нивната варијабилност, да се ограничи зависноста од скапите фосилни горива и да се спречи порастот на цените“, додаде О'Доногју.