Associated Press
24 Јули 2023•Ажурирано: 25 Јули 2023
ЛОНДОН (АА) - Илон Маск го претстави новото црно-бело „Х“ лого што ќе ја замени познатата сина птица на Твитер, додека продолжува големото ребрендирање на платформата на социјалните медиуми што минатата година ја купи за 44 милијарди долари, пренесува Анадолу.
Маск ја замени иконата на Твитер со бел Х на црна заднина и денес објави слика на дизајнот проектиран на зградата на седиштето на Твитер во Сан Франциско во САД.
Веќе денес Х почна да се појавува на врвот од десктоп верзијата на Твитер, но старото лого и понатаму е доминантно во апликациите за телефоните.
Маск побара од следбениците идеи за лого и избра една, која ја опиша како минималистички Арт Деко, наведувајќи дека избраното лого ќе биде доработено.

„Наскоро ќе се простиме од брендот Твитер и постепено од сите птици“, напиша Маск на Твитер вчера.
Милијардерот Маск е извршен директор на компанијата „Спејс Експлорејшн Технолоџи Корп“, позната како „Спејс икс“, а во 1999 година го основаше стар X.com, компанија за онлајн финансиски услуги, сега познат како ПејПал.

„Веб-домеинот X.com сега корисниците ги пренасочува кон Twitter.com“, рече Маск.
Одговарајќи на прашањата како ќе се нарекуваат твитовите кога ќе заврши ребрендирањето, Маск рече дека ќе се викаат Xs.