Gamze Türkoğlu Oğuz
05 Април 2019•Ажурирај: 06 Април 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, во врска со трговските преговори со Кина рече дека останале две недели за „нешто прекрасно“ за двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп, во изјавата во Овалната канцеларија, истакнувајќи дека со кинеските и американските преговарачки тимови досега е постигнат договор за многу прашања и дека останале неколку работи за усогласување, рече: „Има уште пат за одење, но не е далеку“.
Претседателот на САД, предвидувајќи дека останале уште две недели за „прекрасно нешто“ за двете земји, рече дека во случај да се постигне договор изразува желба да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Кинескиот главен преговарач и заменик-претседател на Владата, Лиу Хе, истакна: „Благодарение на директното вклучување на Трамп во преговорите е постигнат голем напредок“.
Високите делегации на Кина и САД по 9-ти пат се состанаа во Вашингтон, да преговараат во контекст за наводните пљачкашки тактики на Кина кои ги применува против американската технолошка доминација.
Администрацијата на Пекинг ги негира наводите за киберкражби и тоа дека ги принудува американските компании да ги откријат трговските тајни за да имаат пристап до кинескиот пазар.
Претседателот на САД, Трамп, изјави дека ако не се постигне нов трговски договор со Кина, царинската стапка од 10 проценти што се воведува за кинеските производи од 200 милијарди долари ќе биде зголемена на 25 проценти.
Трамп и кинескиот претседател Ши, на 1 декември се состанаа во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, во рамките на Г-20 лидерскиот самит и се договорија за „примирје“ од 90 дена за тековната „трговска војна“ која се води помеѓу двете земји.