Ahmet Furkan Mercan
13 Јули 2024•Ажурирај: 18 Јули 2024
ТОКИО (АА) – Компанијата „Хонда“ објави дека ќе го намали производството на возила во своите капацитети во Тајланд за повеќе од 50 отсто, известува Анадолу.
Во пазарниот удел на јапонските производители на автомобили во светскиот негативно влијае конкуренцијата што ја создаваат кинеските автомобилски компании во Југоисточна Азија.
Раководството на Honda Motor Company објави дека планира да го намали производствениот капацитет во Тајланд за повеќе од 50 проценти.
Компанијата, која има две фабрики во Тајланд, ќе ја запре монтажата на возила во фабриката во Ајутаја до крајот на 2025 година. Производствениот капацитет на Хонда во Тајланд ќе се намали од 270.000 возила на 120.000 годишно.
Споменатата фабрика извесен период ќе произведува резервни делови, а Хонда ќе продолжи да склопува автомобили во својот погон во Прачинбури.
Хонда производството на автомобили во Тајланд го започна во 1992 година.