Ihvan Radoykov
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
СОФИЈА (АА) - Зграда со 17 ката, изградена да биде „најголемата и најмодерната печатница на Балканот“ пред 40 години во Софија, главниот град на Бугарија, срушена е со експлозив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
За рушењето на зградата беа употребени стотици килограми експлозив.
Поради рушењето на зградата беа преземени широки безбедносни мерки во градот, од страна на општинските екипи и полицијата.
Зградата која е една од архитектонските остатоци од времето на комунизмот, кој заврши во 1989 година, е срушена под контрола, без тоа да ѝ наштети на животната средина.
Уривањето на зградата беше проследено со голем број странски и домашни медиуми.
Зградата, именувана како „Дом за печат - Родина“ беше изградена на површина од 50 илјади квадратни метри со 600 работни простории.
Објектот беше планирано да ги собере сите медиуми во земјата под еден покрив.
По соборувањето на Тодор Живков, последниот комунистички диктатор во земјата, во 1989 година, Бугарија влезе во длабока економска криза и затоа 17-катната зграда не можеше да се заврши.
Михаил Тиков, бизнисменот кој ја купи зградата во 2018 година, одлучи да ја сруши, наведувајќи дека завршувањето на изградбата е поскапо од нејзиното рушење.