Kemal Zorlak
15 Март 2025•Ажурирај: 17 Март 2025
И покрај урнатините што ги опкружуваат и тешкото секојдневие, палестинските деца во Газа наоѓаат начини да го сочуваат својот дух и насмевка.
Во Хан Јунис, за време на светиот месец Рамазан, децата приредија вистински „светлосен спектакл“ правејќи блескави искри кои се летаат во воздухот и ги развеселуваат.
На овој начин палестинските деца успеваат барем на кратко да заборават на ужасите на војната.
Детските движења и светлината на искрите создадоа прекрасни фотографии, кои во контраста со уништеното опкружување, сведочат за неверојатната сила на палестинскиот народ.
Оваа сцена не е само игра, туку одраз на нивниот пркос и волја за живот – доказ дека и во најтешките моменти не го изгубиле духот, надежта и способноста и темнината да ја најдат убавината.