Kemal Zorlak
11 Ноември 2017•Ажурирано: 12 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Во истанбулската населба Еминону се наоѓа културниот центар Кубе Истанбул, од чии кров се пружа преубав поглед на градот, пишува Anadolu Agency (AA).
За да уживаат во утринското сонце и панорама на градот кој спојува два контитенти, сопствениците на културниот центар Кубе Истанбул, Харун Решит Ѓокташ и Фахри Акдаг многу често излегуваат на кровот од зградата каде подготвуваат и појадок.
Преубав поглед на градбите и историските знаменитости на Истанбул, гулабите и шолја топол чај за нив претставуваат неверојатно уживање.
Тие многу често знаат да ги повикаат гостите кои го посетуваат културниот центар, а секој од нив е воодушевен од глетката.
Сопствениците на центарот велат дека е посебно чувството да се биде на ова место за време на изгревањето и заоѓањето на сонцето.