Nuri Aydın
03 Јануари 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2021
АНКАРА
Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 85 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 се заразени 85.027.813 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 20.904.701 лице.
По САД следуваат Индија (10.324.631), Бразил (7.716.405), Русија (3.236.787), Франција (2.643.239), Велика Британија (2.599.789), Турција (2.232.035), Италија (2.141.201), Шпанија (1.936.718), Германија (1.773.540), Колумбија (1.666.408), Аргентина (1.634.834), Мексико (1.443.544), Полска (1.312.780), Иран (1.237.474), Јужноафриканската Република (1.088.889), Украина (1.074.093) и Перу (1.018.099).
Во светот од Ковид-19 починаа 1.844.685 лица, додека 60.149.687 лица оздравеа од овој вирус.