Faruk Zorlu
11 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати од епидемијата на коронавирус во Кина се зголеми на 3.161, соопшти кинеската Национална здравствена комисија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Комисијата се вели дека во изминатите 24 часа починале 22 лица, додека регистрирани биле 24 нови случаи.
Во моментот во Кина има 80.778 заболени со коронавирус, од кои 4.492 се во сериозна здравствена состојба, додека 14.607 лица се хоспитализирани за да бидат под медицински надзор.
Во меѓувреме, бројот на починати од уривањето на хотелот кој служеше како карантин во покраината Фуџиен се искачи на 26.
Локалните власти изјавија дека три лица се сè уште затрупани под урнатините.
Универзитетот „Џон Хопкинс“ од Соединетите Американски Држави (САД) истакнува дека бројот на починати од вирусот на глобално ниво изнесува над 4.260 лица, со повеќе од 118.100 потврдени случаи.
Вирусот се прошири на шест континенти и во над 100 земји.